fbpx

Поврат на средства

Враќање на производи

1.Ве молиме да го проверите испорачаниот производ во моментот на неговиот прием, во спротивно, нема да покриеме никакви загуби или оштетувања кои ќе бидат презентирани по моментот на прием на истиот.

2.Веруваме дека ќе биде презадоволни со извршеното купување, но сепак, може да има случаи кога ќе сметате дека треба да го вратите производот. Од тие причини, секогаш се трудиме процесот на враќање на производите да биде што е можно поедноставен.

3.Ќе дадеме се од себе во најкус можен рок да им излеземе во пресрет на корисниците кои ќе сакаат да вратат производ.

4.Нашата политика е да се погрижиме секогаш да бидете задоволни кога ќе направите нарачка од ideja.mk. Доколку не сте задоволни од одреден производ кога ќе го добиете, за да ја започнете процедурата за враќање на производот, треба да го пополните интернет формуларот кој се наоѓа во делот рекламација и враќање на производ во вашата корисничка сметка, во рок од најмногу 7 дена од денот на прием на производот. Откако ќе го добиеме вашето барање за враќање на производ, започнува процедурата за негово враќање.

5.При враќање на производот, истиот треба да ни се достави во рок од 7 дена од денот на испраќање на барањето за негово враќање, заедно со добиената фактура за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, по што ќе ви го вратиме износот којшто сте го платиле за производот (без износот за вклучена достава) или во договор со вас, ќе ви додадеме на корисничката сметка соодветен број на наградни поени.

6.Рефундирањето на уплатениот износ ќе го извршиме директно на онаа кредитна или дебитна картичка, односно трансакциска сметка од која е извршена првичната нарачка во рок од 14 дена или порано, штом ќе го провериме вратениот производ и ќе констатираме дека е вратен во онаа состојба во која ви бил испорачан. Единствено ќе мора да платите за достава на производот до ideja.mk или самите да го доставите.

7.Се трудиме да ги спакуваме производите што е можно подобро со цел да ги добиете во добра состојба. Меѓутоа, доколку ви пристигне оштетен или дефектен производ, или доколку станува збор за производ кој не сте го порачале, истиот ќе го замениме бесплатно или ќе извршиме целосно рефундирање на уплатениот износ тогаш кога ќе биде возможно, доколку ни го вратите производот во рок од 7 дена од денот на приемот.

8.Запомнете дека вие сте одговорни за производот што го враќате се додека тој не стигне кај нас.